Синоќа во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет. Притоа, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.