Поминаа 3 дена од скандалот за нелегално прислушување во Јавното обвинителство, а се уште од Оливер Спасовски и МВР немаме никаков концизен и директен одговор, рекол портпаролот на ВМРО-ДПНЕ, Димче Арсовски. Ова стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кадрите на СДСМ сеуште ги прислушкуваат граѓаните и институциите. Јавните обвинители, судиите, нивните соработници и институциите се под директен надзор и нелегално прислушувани од страна на Оливер Спасовски и Зоран Заев. За ова оставки, но и одговорност мора да има и тоа уште веднаш – изјавил Арсовски.
Тој додал дека „јавноста се уште со денови чека одговор на прашањата кои што треба да ги одговори Оливер Спасовски како ресорен министер во Министерството за внатрешни работи“.
– Кој прислушувал нелегално во Јавното обвинителство? Дали во разговорите има разговори и од обвинители од Специјалното јавно обвинителство во кои се договарале одредени предмети и нивно преземање? Кој ќе сноси одговорност за прислушувањето во Јавното обвинителство на јавните обвинители и останатите нивни соработнициДали со овие нелегални разговори од изминативе 2 години биле уценувани јавни обвинители да носат одлуки по нечија желба на луѓето од власта? Дали со овие нелегални разговори бил вршен прогон на невини граѓани? – запрашал тој.
Арсовски прашал и „кога конечно Оливер Спасовски ќе си поднесе оставка за нелегалното прислушување на јавните обвинители и институциите изминативе 2 години?“.
– И повторно денес прашуваме од пред МВР, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период? Ова се непроценливи штети по независноста на обвинителството и судството. Ова се непроценливи штети кои ги прави директно владата на СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Граѓаните немаат доверба веќе во јавниот обвинител и нему СДСМ со овој скандал му го сруши интегритетот. Граѓаните одамна немаат и доверба и во МВР и во Оливер Спасовски, а сега уште еднаш се потврдува истото – изјавил тој.
Според неговите зборови, Оливер Спасовски нема капацитет и кредибилитет да продолжи да го води Министерството за внатрешни работи и како што вели, треба да си даде оставка уште веднаш и да сноси одговорност за се што направил.