Змии и купка од пиво против мигрена и други болести

480

Луѓе ширум светот секојдневно се грижат за својот физички изглед и здравјето на најразлични начини. Некои третмани, како на пример со змии и купка од пиво, се издвојуваат по својата необичност.

Имено, во некои земји, терапијата со змии се изведува така што неколку змии се пуштаат да лазат по телото на пациентот, на тој начин масирајќи го телото, вклучително и лицето. „Експерти“ го надгледуваат третманот, а клиенти тврделе дека змиите помагаат против мигрена и воспаление на мускулите.

Исто така, иако обична купка помага против болки, воспаленија и слични работи, некои луѓе за тоа нашле алтернатива што се практикува во Германија, Австрија и во Чешка. Во некои хотели може да се најде купка од пиво, а таа помагала за проблеми со кожата и против стрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...