Ефикасна истрага и одговорност за скандалот со прислушувањето на обвинителите мора да има, се вели во соопштението од ГДУ.
-Кој ги поставил уредите, точно кога, со која цел, дали некој бил во тек со обвинителските истраги и дали јавните обвинители биле уценувани со прислушувани разговори?-прашуваат оттаму.
Потсетуваат дека државниот обвинител Љубомир Јовевски во петокот го обелодени скандалот, дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство, од 30 септември 2016 година па до сега.
-Премиерот Заев пак ја нафрли и информацијата дека освен обвинителите, биле снимани и судии. Еден ден после тоа обвинителството испрати соопштение во кое вели дека постоеле индиции дека прислушувањето траело од 2013та.
Се јави и министерот за внатрешни Спасовски, кој во обраќањето до јавноста ја спомена истата година.
Јавноста дополнително ја збунија СДСМ и ДПМНЕ со меѓусебните обвинувања кој прислушувал-стои во соопштението.
Но, се додава, ова е премногу сериозна работа за да се шпекулира.
-Јавноста мора да знае од која година се прислушува, зошто Јовевски прво кажа од 2016та, па обвинителството го доплни дека можеби се прислушувало од порано? Дали и судиите се прислушувани? Ако МВР имала шест месеци сознанија, што правел Спасовски пола година?
Не префрлање на одговорност, туку лоцирање!-децидни се од ГДУ.