Не мрчи, бе, Стојане…

4060

Не знам колку дебела ќе биде книгата од мемоарите на другарот Тито Петковски, ама познавајќи го менталитетот на потрошени политичари, стари дркаџии, досадни до милег бога и назад, луѓе кои на време треба да се напуштаат и од друштво на богата трпеза, за да го избегнеш суисидниот елемент дека си овде за да умреш од досада на најобичните муабети, заради фрекфенцијата кој убива ко недовршен рефрен од расипана грамофонска плоча, ондак, убеден сум дека таа ќе биде барем за 50 страници поголема од оваа на Стојан Андов. Никад нема да ја прочитам. Не заради тоа што не можам или избегнувам томовски романи, сум ја читал Марија Јуриќ, дамата која во описот на еден пејсаж, лик, замок, троши по триесетина страници, или Толстој, кој, во снежната патека и разиграните коњи кои ја влечат кочијата (санка), гледа пролет, лето, разлистени дрвја, дебели сенки и виножито, и тоа го сместува на неверојатно питорексен начин на пеесетина страници, ама, другарице и другови са свих мкд Комитета, озборувањата, претпоставките, шпекулациите, тривијалностите, кои, преку експонирање на неискоренетата малограѓанштина сместена длабоко во душата, неверојатно примитивниот и сељачки обид да го вметнете во заплетите, и совршено глупаво да го глумите Ладлам, кралот на заплетите, пишувајќи ги сопствените мемоари, или уште поглупаво да навлегувате во конспирации ала Ден Браун и слични, ондак се поставува само едно прашање:

Каде, бе, другар Стојане Андов, беше тогаш, кога требаше да го соопштиш сето ова на мкд јавноста? Ти не пишуваш историски заклучоци од некое дамнешно време, бе, човек. Не правиш анализи и не носиш заклучоци од историски факти на други автори, туку пишуваш за твоето време. Пишуваш од времето на твоето постоење и од не каква било позиција. Каде беше, бе, Стојане, и што ти беше тогаш побитно од вистината“ која сега ја пласираш, а? Позицијата и чувањето на фотелјата под твојот газ, или моќтта на малограѓанството во тајните“ на твоиве сегашни јебиветарски мемоари? Зошто тогаш не прозборе, бе, Стојане?

Наместо да си живееш спокојно во државната пензија, да продолжиш до крајот на животот да ја цицаш цицката на државната крава, ти се глупираш со пишување мемоари. И ај да се мемоари стокмени за твоето делување, за твојата великост“ во создавањето на самостојна и независна Македонија, ама, во нив, главна споредна тема да ти се шпекулациите и инсунуациите, да користиш примитивен сељачизам прејудицирајќи сомнеж кон луѓе, со име и презиме, алапачење за тешки кривични дела, пази Стојане, за терорстички акти, бе, токмак, ондак, што друго нормален човек може да ти посака, освен – терај до сто и една, ама не мрчи, бе Стојане. Досадно е твоето б’рмчење…

Тенкју…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...