Вардар го победи Киелце за презимување на второто место во ЛШ

254
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI
Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Киелце вечерва во 10.коло од Лигата на шампионите со 28:27 и се искачи на втората позиција на табелата.

Предводени од Кристопанс кој шест пати ја погоди мрежата на противникот „црвено-црните“ му се реваншираа на ривалот за поразот во Полска.

Ова беше шеста победа за Вардар сезонава во групната фаза и прва по три средби без триумф.

Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза.

Вардар покажа дека и без неколку клучни играчи како Борозан, Мораеш и Горбок има сила и квалитет да ги освојат бодовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...