Специјалното јавно обвинителство побарало 30-дневен притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање УБК Сашо Мијалков и за случајот „Империја“.
Мијалков веќе се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако судот на 20 ноември му одреди притвор од 30 дена на барање на СЈО за предметот „Таргет – Тврдина“.
Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Во притвор веќе се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.