Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.
Тој најави дека тие ќе гласаат воздржано за трите амандмани за да остават простор за јавна дебата за предлози.
– Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата – рече тој.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара од собранискиот спикер Талат Џафери осумтемина пратеници да се ословуваат со „пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, туку со „независни пратеници“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери осумте исклучени пратеници да не ги ословува како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ затоа што на 2 ноември 2018 година до Собранието испратен е допис по кој е известено дека дел од пратениците кои ја формираа новата пратеничка група во Собранието се исклучени од членството на ВМРО-ДПМНЕ.
– Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, па неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот – му одговори Џафери на Мицевски.