Во Македонска Каменица вчера пешакот А.Б. починал откако во него удрил автомобил „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки.
Полицијата соопшти дека вчера во 15:40 часот на улица 28-ми Август во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот.