Со калашникови пукале во возила во центарот на Тетово

838

Неполни два часа по оружената престрелка во центарот на Тетово, полицијата уапсила три лица осомничени за учество во инцидентот на булевар Илирија и трага по други сомничени, потврди за ЦИВИЛ Медиа Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Рој рече дека е направена и материјална штета на три локали и на еден од паркираните автомобили од куршумите кои летале на сите страни.

Неофицијално, сведоци од настанот тврдат дека две групи пукале една на друга од два автомобили, од кои едното возило било во движење.
Инцидентот почнал во едно од казината во близина на местото на инцидентот, по што двете групи расправијата ја продолжиле надвор, по булевардот. Првите информации од терен тврдат дека се пукало од пиштоли и калашникови.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...