Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов се најде на мета на критики, откако во јавноста протекоа снимки на кои се гледа дека игра игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето.
Во изјава за „Независен“, Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.
– Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, а Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе – вели скопскиот градоначалник.
Ѓорчев, пак, иницира фејсбук анкета која покажува незадоволство кај граѓаните од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Ова следи откако Шилегов рече дека играл игра на мобилен за време на расправата за загадување во Собранието, зошто не можел да го слуша говорот на Ѓорчев.
„Шилегов како градоначалник целосно ПОТФРЛИ. Тотално ги РАЗОЧАРА граѓаните. Во Скопје се случува тивок ПРЕСВРТ. СДСМ дефинитивно паѓа со рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ оди нагоре. Повторно ќе победиме во СКОПЈЕ“, напиша Ѓорчев на Фејсбук.