ДС: Има паралелни системи за прислушување, МВР да ги заштити институциите и граѓаните

1608

Демократскиот сојуз најостро го осудува неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган кој ги открива и гони сторителите на кривични дела, соопшти партијата.

– Демократскиот сојуз бара енергична и ефикасна истрага, при што инволвираните во овој скандал мораат да понесат одговорност. ДС подолго време предупредува дека има информации кои укажуваат на тоа дека постојат паралени системи за прислушување и дека се врши прислушување надвор од овластените институции (МВР,ЈО,СУДОВИТЕ итн.). Овие системи се инсталирани пред промената на власта и информациите од истите најверојатно се користат од криминално-политичкото подземје – констатира ДС.

Од партијата бараат МВР согласно недлежностите и во соработка со другите институции да ги преземе сите законски мерки за да се заштитат институциите и граѓаните од неовластено прислушкување и сајбер нападите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...