„Ја обоив косата и тогаш главата почна да ми расте па наскоро бев на работ на животот, поради една честа хемикалија во боите за коса“, почна да ја раскажува својата приказна Естел, 19-годишна студентка од Париз.
Таа доживеала тешка алергиска реакција на бојата за коса што ја купила во супермаркет, а фотографијата што ја снимила по боењето на косата, покажува како ѝ пораснала главата.
Според „Лe Паризиен“, сѐ се случило заради хемикалијата Paraphenylenediamin, која се наоѓа во голем број бои за коса и предизвикува алергиска реакција.
Како што на секоја боја пишува дека пред боењето на косата, бојата треба да се нанесе на мал дел од кожата и да се чека 48 часа, Естел го послушала советот, но нејзиниот тест траел само половина час. Бојата ја нанела на рака и откако по 30 минути не забележала никакви последици, ја обоила косата.
Набрзо почувствувала чешање и печење на скалпот, па испила антихистамини, но утрото состојбата драстично ѝ се влошила.
Обемот на главата ѝ бил 63 см, а ужасното чувство се зголемило откако ѝ отекол и јазикот.
– Не можев да дишам, главата ми изгледаше како светилка. За малку ќе умрев, не сакам тоа да му се случи никому – рекла Естел.
ФОТО: Принтскрин