Во следната фаза верувам дека постои можност и многу други пратеници да ги поддржат конечните амандмани, затоа што некои најавија дека еден дел од тоа што е содржано во нив е прифатливо, изјави премиерот Зоран Заев по завршување на седницата на собраниското тело за помирување.
На новинарско прашање за неговите очекувања во однос на донесувањето на уставните измени премиерот рече дека ќе бидат запазени роковите за уставните измени и дека процесот ќе заврши до средината на јануари.
– Нацрт амандманите беа јавно објавени и беа дадени одредени сугестии, што помагаат многу и на Владата како овластен предлагач. Имаме една кохезивна алатка, но и процесот на помирување е сериозен кохезивен фактор, како и спроведувањето на реформите – додаде Заев.
Премиерот очекува Договорот од Преспа да биде ратификуван и во Грција и да почне да се спроведува според договорените рокови во интерес на двете земји.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...