Каракачанов земал меѓу 550 и 1.500 евра од секој Македонец кој аплицирал за бугарски пасош

Горан Грујовски и неговиот помошник Никола Бошкоски кои беа уапсени во Грција, пробаа да ја напуштат Грција со вистински бугарски пасоши, но со лажни имиња: Христо Атанасов и Неџби Хасан.

1123
ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Бугарскиот свиркач Катја Матева се согласи да објави документи кои ги дала на ЕУРАКТИВ, во врска со илегална продажба на бугарски пасоши на странци, вклучувајќи и високи функционери. Матева е поранешна директорка на Советот за државјанство, тело кое учествува во одлучувањето за доделување бугарски пасоши на странци. Таа вели дека добила отказ во 2016 година, откако одбила да учествува во оваа шема.

Матева ги спомнала заменикот премиер Красимир Каракачанов, поранешната министерка за правда Екатерина Захариева (сега министерка за надворешни работи) и европратеникот Андреј Ковачев, како луѓе инволвирани во овој бизнис, кој им овозможил на странците да имаат бугарски пасош во замена на пари. Со тоа, не им требало виза никаде и можеле слободно да патуваат во разни земји.

Захариева и Ковачев ги негирале овие обвинувања, Каракачанов не одговорил на повиците на медиумот.

Помеѓу многуте документи кои ги поседува, ЕУРАКТИВ се одлучил да го објави документот „Објаснувања“ на Матева. Таа го дала овој документ на Државната агенција за национална безбедност, во кои меѓу други имиња, се наоѓаат и на спомнатите тројца.

На петтата страна се наведува дека нелегалните шеми за добивање бугарско државјанство претставуваат „закана за државната безбедност“.

Неколку извори се довериле до ЕУРАКТИВ дека аферата „пасош за пари“ повторно се појавила, откако американските власти привеле неколку Албанци осомничени за тероризам, кои имале бугарски пасоши. САД побарале објаснување за ова.

Поранешниот шеф на македонската разузнавачка служба, Горан Грујовски, како и неговиот помошник Никола Бошкоски беа уапсени во Грција. Тие беа вплеткани во незаконски прислушувачки скандал во земјава, па пробаа да ја напуштат Грција со вистински бугарски пасоши со лажни имиња: Христо Атанасов и Неџби Хасан.

Според Матева, Каракачанов земал меѓу 550 и 1.500 евра од секој Македонец кој аплицирал за бугарски пасош во оваа шема, а дневно имало меѓу 150 и 200 кандидати.

Во скандалот е вмешана и Државната агенција за иселеници, која издавала лажни потврди за бугарско потекло, неопходни да се добијат државјанство и лични документи. Директорот на Агенцијата, Петар Харалампиев, кој бил именуван на предлог на заменик премиерот Каракачанов, е уапсен под обвинение дека е дел од организирана криминална група, исто како и генералниот секретар Красимир Томов, во чиј сеф се пронајдени 285.000 евра.

Премиерот Борисов во понеделникот, на 26 ноември, најави дека Агенцијата ќе биде затворена.

Захариева, според Бојаџиев, влегла во орбитата на Каракачанов како министерка за правда. Според неговите зборови, таа притискала за законодавни реформи, а Каракачанов рекол: „Ќе те поддржам, ако ја исфрлиш Матева (свирачот)“.

Петар Бојаџиев, поранешен бугарски дисидент, кој живее во Франција, рекол дека три години знаел за целата работа и опасните последици од неа. Тој рекол дека француските власти биле загрижени.

– Ковачев го организирал (состанокот што ги отклучи блокираните досијеа) по наредба на Каракачанов – изјавил Бојаџиев.

Бојаџиев додал дека властите во Софија биле во паника поради скорешните објави, кои биле како цунами и торнадо кои не можеле да бидат запрени. Тој рекол дека бугарското Обвинителство има еден куп докази, кои ќе излезат на виделина порано или подоцна.

ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...