МВР на Унгарија нема податоци за тоа од која земја и преку кој граничен премин влегол поранешниот премиер Никола Груевски.
Во писмениот одговор на Министерството за внатрешни работи на Унгарија на прашање на радио Слободна Европа се наведува дека немаат податоци зошто и дали Груевски користел дипломатски автомобили, ниту каде точно поднел барање за политички азил.
Официјалниот одговор потпишан од државниот секретар за координација и управување, Бенце Боднар е дека МВР не поседува одговори.
Според унгарските медиуми, Груевски доби политички азил, но рутата на неговито пат до Унгарија се уште не е сосема јасна.