Кој прави нашето ВМРО да се распарчи!

Ајде заедно да не дозволиме друг да ги решава нашите проблеми. Да не дозволиме да останеме на последниот колосек на оваа ветрометина. Така вели и Тодоров и Јанчев. Така велат и многу други кои и мислат добро на Македонија и на македонскиот народ. Зар членовите на ВМРО-ДПМНЕ не им веруваат на довчерашните водачи?

1513

До кога во оваа наша Македонија злото ќе царува? До кога ќе има немири? До кога? Зар „чавката паметот ни го испила“! Абе три децении мир нема. Зар од злоба не се уморија и едните и другите. Зар нема да се најде човек што ќе рече:„ Доста е“! Доста омраза! Не таков „јунак“ не се родил, а кој знае уште колку години ќе чекаме да се роди!

Кога сме на чекор до НАТО и преговори со ЕУ, за „туѓи“, не за свои интереси, едните против другите повикуваат на немири. Од каде толкава злоба и кај едните и кај другите! Уцени! Абе брат со брат со голи раце ќе се задават, а за кого? За Македонија!Не! За Мицковски и за побегнатиот Груевски? Дa! Со што тие ја задолжија Македонија и македонскиот народ па народецов да им се клања!? Дали поради тоа што направија Татковината што остана на последно место на Балканот. До кога нив ќе им веруваат и „капа“ ќе им симнуваат! Па тој, што најмногу лажеше, си замина без око да му „трепне“. Другите дали чекаат да ја напуштат Македонија младите и да остане само со оние кои со едната нога се во гробот. Се прашуваат ли? Навистина ставаат ли прст на глава ! Со кого ќе живеат, ако земјата остане празна? На кого ќе му наредуваат да оди на демонстрации, да кисне на дождот, да мрзне на студот? На кого? И најпослушните креваат раце и велат:  Доста е! Навистина доста е! Би лага! Доста е! Доста „мајтап“ си играте со народов македонски.

„За кого да одиме и против кого да „лаеме“? За пуста влас, за пуста фотеља ја растурија, ја поделија Партијата! Не ѐ веќе она ВМРО-ДПМНЕ за кое на револвер и кама се колневме.Како парче месо не поделија. Не, не одам повеќе на демонстрации! Не ги исполнувам наредбите на челниците зашто тие не се наши вистински челници! Тие не поделија. Едни на „патриоти“ други на „предавници“. Немаме веќе ум што да мислиме. Ни наредија: Бојкотирајте го референдумот! Одете на демонстрации. Плукајте ги!! Така беше. Сакаат Македонија и понатаму во мрак да ја остават. Криви ни биле Заев и СДСМ! Се виде дека ние не сме биле во право. А не бил во право ниту Мицкоски ниту пак оној, на кого како на крст „се молевме“ што побегна со полни торби пари и не остави во калта. Забораваат дека во Партијата не мислат сите како нив.

Како Мицкоски и уште неколкумина „сончогледи“. Тоа отворено го рекоа и некои од нашите поранешни водачи! И што сега. Да ни наредат и против нив ли да бидеме! Ајде да ги убиеме. Да ја направиме Партијата терористичка. Никои во светот да не не сака. Тоа ли го сакаат нашите водачи и сите оние „пијавици“ околу нив. Убаво сите, па и најголемите и најсилните, ни велат иднината на Македонија е во Европа! А ние упорно „со главата во ѕид“. Простете јас сум во срцето и душата ВМРОВЕЦ, ама навистина доста е. Не одам на митинг зашто навистина не знам против кого да бидам. Дали да бидам против вистината што ја кажува СДСМ и Европа или пак на нашите водачи!? Навистина доста е! Дајте рака за помирување и да го прифатиме она што е добро од СДСМ! Заедно да тргнеме по патот и на оваа наша Македонија да и обезбедиме светлина, така рече еден постар вмровец кој не отиде на митингот што го закажа неговата Партија.

Човекот се исповеда. Ни рече му олеснало на душата. Конечно ја разбрал вистината. Побара да престане омразата, да престанат кавгите. За иднината на Македонија посака да прифати амнестија што ја понудија Владата и Заев и за своите „соборци“ кои насила, по наредба на челниците, влегоа во законодавниот дом и кои сакаа не само да ја урнат Владата туку и крв да пролеат. Да бидам праведен. Во Парламентот влегоа и „сеирџии“ но и вистински кои сакаа да уриваат, да убиваат. СДСМ понуди помирување. Но, правилно, не на сите. Кој мислел зло нека одговара. Затоа доста е. Чесните поранешни челници на ВМРО-ДПМНЕ отворено велат доста е. Ајде доста „пизми“, доста злоба! Ајде заедно да не дозволиме друг да ги решава нашите проблеми. Да не дозволиме да останеме на последниот колосек на оваа ветрометина.

Така вели и Тодоров и Јанчев. Така велат и многу други кои и мислат добро на Македонија и на македонскиот народ. Зар членовите на ВМРО-ДПМНЕ не им веруваат на довчерашните водачи? Зар уште му веруваат на „вождот“ Груевски, кој побегна и кој ги остави сите со прстот во уста. Тој никогаш повеќе нема да се врати! Време е да се најдат „мажи“ да ја спасат ВМРО зашто вмро не е само на ДПМНЕ туку ВМРО е на целиот македонски народ!?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...