Телеком ги претстави „смарт“ маските за заштита од загадување

Сите маски ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор кон почиста животна средина.

283

Македонски Телеком за прв пат во Македонија ги спои технологијата и модата, за повисока цел – заштита од загадувањето. По промоцијата на еко маските на Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона, Македонски Телеком, организираше моден настан, на кој за првпат во Македонија ги претстави прототиповите на  „смарт“ маските за заштита од загадување.

Станува збор за идејно решение на Македонски Телеком, по дизајн на Ивана Кнез, моден дизајнер и костимограф, сопственик на Драма и Драма Лавкетс, која активно работи на разработка на еко и бавна мода и ја користи модата како медиум за подобрување на колективната свест. #Telekom_mk #TelekomGoesGreen #AntiAirPollutionSmartMasks

„Смарт“ маските за заштита од загадување се дел од Fashion Fusion програмата на Дојче Телеком, што ќе биде воедно и прв од низата на еко проекти на Телеком што ќе следат годинава. Сите маски ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор кон почиста животна средина. Нивната официјална продажба се очекува да започне кон крајот на годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...