Кацарска до Ѓорчев: Пазете да не ги зовриете страстите, да не ни се случи и овде 27 април

1396
20151014 Wednesday 1347 Pregovori klub na pretenici rabotni grupi rabotna grupa vlatko gorchev gorcev vmro

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев попладнево влезе во судницата во Кривичниот суд да сведочи за случајот со 27 април, по предлог на обвинетиот Мунир Пепиќ. При земањето на неговите податоци, прво место на раѓање, по Скопје, пратеникот нагласи „Република Македонија”.

– Зар има Скопје во друга држава – рече Кацарска во шега.

И при кажувањето на неговата адреса на живеење, тој по „Скопје” повторно кажа „Република Македонија” и рече дека му е убаво кога кажува „Република Македонија”.

– Пазете да не ги зовриете страстите да не се случи и овде 27 април – возврати Кацарска.

– Ќе спасуваме пак – низ смеа одговори Ѓорчев, по што судијката го праша „Кога ќе спасувате?

Ѓорчев одговори само на неколку прашања од адвокатот на Пепиќ, при што истакна дека обвинетиот Мунир Пепиќ бил во Собранието на 27 април, му кажал дека е службено лице и прашал како може да помогне.

– Јас му реков помагајте што можете. Заедно префрливме повеќе луѓе во бифето и во мојата канцеларија – рече Ѓорчев.

Тој одговараше и на прашања од други адвокати за тоа дали видел други лица од обвинетите кои помагале. Пратеникот го посочи Абдулфета Алими од собраниското обезбедување за кој рече дека бил присутен при евакуацијата на Зијадин Села.
Кажа дека го видел и Борис Дамовски.

– Му довиканв те молам смирувај. Видов дека помагаше викаше: Луѓе застанете, смирете се. Исто така и актерот Владо Јовановски. Му реков „Владо смирувај”. И исто и он ми рече „Влатко правам што можам”. И собраниското обезбедување вложи напори за смирување на состојбата. Тоа беше најтежок ден во нивниот работен век и на мене како пратеник – рече Ѓорчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...