Работник почина, а друг е повреден при одрон на земјиште во Припор

218

Еден работник почина, а друг е повреден откако вчера биле затрупани по одронување земјиште на улицата Христо Татарчев во населбата Припор во Скопје, информира МВР.

Ѓ.Ѓ.(57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...