Кипар можеби има проблем со нискиот наталитет меѓу луѓето, но тоа воопшто на важи за мачките. Според локалните организации за заштита на животните, нивниот број моментно е речиси милион ипол, што е двапати повеќе од бројот на луѓето на островот.
Според весникот „Вима”, неконтролираниот прираст кај мачките се должи главно на недоволната стерилизација, одговорност којашто паѓа на сопствениците на домашни мачки, но и на државата. Мачките на островот се сметаат за „свети животни“, коментира изворот.
Кипарската Влада пред извесно време одобри 75.000 евра за стерилизација на уличните мачки, но и тие средства се недоволни, за да се забави нивното размножување.
Кипарската „Партија на животните” ја поддржува таа политика на властите, но предупредува дека парите треба да се користат рационално.