Милошоски го потсети Заев на ветувањата: До каде се преговорите со Фејсбук и Гугл?

Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единстевната инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук - рече Милошоски.

307
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

Пратеникот Антонио Милошоски на денешната седница на Собранието го праша премиерот Зоран Заев колку е задоволен од спроведувањето на најавените инвестиции за влегување во Македонија на две големи светски компании – Фејсбук и Гугл.

Милошоски на седницата за пратенички прашања потести дека вакво ветување Заев дал во телевизиска емисија во септември лани, а дека подоцна, односно на 19 септември 2017 година остварил и средба со еден од првите луѓе, извршниот директор на Гугл, Џерад Коен на која ги презентирал условите за инвестирање во земјава.

Премиерот Заев одговори дека инвестициите на Фејсбук и Гугл се посакувани во секоја земја, но дека тие компании ги следат случувањата и веројатно очекуваат да имаат безбедна иднина со влегувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди преку уставните измени и стане извесно членството на НАТО, кое е важно за вакви компании за да ја реализираат својата инвестиција сите заедно ќе му помогнеме на бордот директори да донесе позитивна одлука за инвестицијата во Македонија – одговори Заев.

Пратеникот рече дека не е задоволен од одговорот и го обвини премиерот дека дава лажни ветувања, потсетувајќи го дека кога го дал ова ветување не кажал дека Фејсбук и Гугл ќе влезат во земјава, откако ќе станеме членка на НАТО.

– Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови е единстевната инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук. Најавувате дека Владата е во напредна фаза во преговорте со ФБ и Гугл во септември 2017. Тоа значи дека сите ветувања за странски инвестиции биле лажни – забележа Милошоски.

Тој му порача на Заев, дека се обидува неспособноста на Владата да донесе странски инвестиции, да ја оправда со македонското членство во НАТО, или со донесувањето на уставните измени.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...