Ќе се отвори амбасада на Бразил во Скопје

129

Наскоро ќе биде отворена најавената Амбасада на Бразил во Скопје, соопшти денеска МНР по средбата на делегации од двете земји.

Делегациите на двете земји ги предводеа државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски и генералниот потсекретар при бразилското МНР, амбасадорот Алесандро Кардеас.

Политичките консултации коиндицидираат со одбележувањето на дваесетте години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Бразил.

„Димовски и Кардеас го истакнаа задоволството од позитивниот тренд на развојот на билатералните односи меѓу двете пријателски држави, при што беше нагласен взаемниот интерес за продолжување и продлабочување на политичкиот дијалог и соработка, со посебен акцент на унапредувањето на економската и парламентарната соработка, како и соработката во областа на културата, образованието, туризмот и останатите области од заемен интерес. Особено внимание беше посветено на продолжувањето на соработката на двете земји во рамките на мултилатералните организации“, наведуваат од МНР.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...