Секторот за инспекциски работи на општина Центар во изминатиот период врши засилени контроли и инспекции, особено на локациите каде има поставено дива и нелегална урбана опрема (затворени тераси, маси, столици…).
–Издадени се 7 нови решенија за отстранување на урбаната опрема на правни лица кои се наоѓаат на територија на општината. Решенијата се веќе проследени на понатамошна обработка, а согласно законската регулатива во Република Македонија, правните лица имаат определен рок во кој самите треба да постапат по решенијата и да ја отстранат урбаната опрема. Доколку не го сторат истото, општината ќе постапи по решенијата, во рамките на својата законска ингеренција – информираат од општината.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ, уште еднаш апелираат до сите засегнати страни и правните лица да се придржуваат до и да ги почитуваат правилата и процедурите за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема и заградување на просторот.