Ѕвезда создадена од 3 милиони Swarovski кристали и тешка дури 400 кг вчера блесна на врвот на Новогодишната елка во Rockefeller Center, кој е светски познат симбол за празничната атмосфера во Њујорк.
Елката е долга 21-метар, тежи 12 тони, а стара е 75 години и ја красат шарени LED сијалички долги 8 километри.
Оваа година, сијаличките за првпат беа запалени на 28. ноември, а копчето го вклучи градоначалникот на Њујорк.
Оваа церемонија Rockefeller центарот ја одржува од 1931 годинa и е еден од најубавите периоди во годината.