Марковиќ: Заев да си види како му избега Груевски и зошто немаше потерница

1590

Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ изјави дека обврска на Македонија е да се погрижи за тоа како нејзниот екс-премиер избегал, а не на Црна Гора.

Марковиќ во интервју за РТЦГ на неговиот македонски колега, премиер Зоран Заев му порача да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерница за експремиерот Никола Груевски.

Коментирајќи ја изјавата на неговиот македонски колега Заев, кој пред неколку дена изјави дека е чудно што четири земји – пријатели на Македонија, му овозможиле бегство на поранешниот премиер Груевски преку нивната територија, Марковиќ рече дека Груевски преку Црна Гора поминал на сосема законски начин, врз основа на лични документи што ги имал.

– Тој влезе во Црна Гора, а потоа и во Србија. Во тој момент, според податоците со кој раполагаше Црна Гора, за Груевски не беше издадена никаква потерница – изјави црногорскиот премиер.

– Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија – ова прашање не може да се става на Црна Гора – рече Марковиќ во интервјуто за РТЦГ, по повод две години од работата на неговата Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...