Полицијата во Белград уапсила 22-годишник поради сомнеж дека извршил кривично дело тешко убиство.
Според првичните информации, тој бил уапсен откако во болница починало неговото петмесечно бебе.
Обдукцијата покажала дека бебето имало скршени ребра, модринки по главата и рацете.
Осомничениот на сослушувањето го признал убиството.
Извор: „курир.рс“
ФОТО: Профимедиа