Неизвесно одигрувањето на натпреварот помеѓу Ворскла и Арсенал

90

Одигрувањето на натпреварот од групата „Е“ во Лигата на Европа Ворскла и Арсенал е под знак прашалник. Причината за тоа е дека потпретседателот на украинскиот клуб изјави дека не може да гарантира дека домаќините можат да го организираат мечот во нормални услови. Хаосот беше создаден вчера откако УЕФА одлучи да го премести мечот повеќе од 200 километри од Полтава – во Киев.

Причината за ова е што дел од војската е распоредена во делови од Украина. Полтава всушност не влегува во овие области, но близината на градот кон областите на зголемен притисок доведе до тоа европската централа да ја донесе оваа одлука од безбедносни причини.

Од украинскиот клуб сепак досега не добиле никаква потврда од раководството на „Олимпискиот стадион“ во Киев дека дуелот ќе биде организиран нормално, ниту пак знаат како да се реорганизира целата продажба на билети.

– Досега Олимпискиот стадион не ни потврди ништо, ниту ни даде некакви одговори на нашите прашања – откри Олег Лисак, потпретседател на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...