Паоло Маџели за Горан Стефановски: Беше интелектуалец со европско значење

733

Истакнатиот хрватски режисер со италијанско потекло, Паоло Маџели, кој во 80-тите години на 20 век, во Драмски театар и во МНТ, ги постави драмите „ Црна дупка“ и „ Тетовирани души“, по текст на починатиот драмски писател, Горан Стефановски, се огласи по повод смртта на литературниот гениј.

– Горан беше последниот титан кој интелектуално престојуваше во Македонија, иако живееше во Англија. Навистина беше важен поет и драмски писател кој би требало сите одново да го читаме, зашто неговите дела за жал се се поактуелни. А , освен што беше интелектуалец со европско значење и еден од последните големи писатели од овие простори, беше и мој незаменлив пријател, за кого ме врзува најубавиот дел од младоста. Затоа ми е сеуште тешко да зборувам за неговата смрт – вели режисерот Маџели. А, во врска со постановките на драмите на Горан Стефановски, режисерот Паоло Маџели вели дека тоа било време кога со тие претстави нашиот театар бил дел од европската авангарда.

– Тоа беше време кога благодарение на Горан и неговиот креативен немир, Македонскиот театар беше непобитно важен дел од тогашната европска авангарда. А, Драмскиот театар во Скопје, беше негово срце. Ако Ристо Стефановски беше кормиларот, Горан беше spiritus movens. Сега ми се јавува во изгубените слики и гласови од еден живот кој никогаш нема да исчезне во минатото. Тој никогаш нема да умре!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...