Загина работник на градилиште во Кисела Вода

616

Еден работник починал на лице место, а вториот е пренесен со тешки повреди во болница откако биле поклопени со земја додека извршувале градежни работи на потпорен ѕид во општина Кисела Вода, јави тв Телма.

Изведувач на работите е фирмата „Баџак Инженеринг“ која била ангажирана за изградбата на потпорниот ѕид на улицата Христо Татарчев, крак 14, со потпишан договор од општина Кисела Вода, а избрана на оглас за јавна набавка. Во интерес на истрагата, од општината не даваат повеќе информации за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...