Карпош ќе се шири кон периферијата

1339

Советот на Општина Карпош донесе Одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план во рамки на Касарната „Илинден“. Тоа е деталниот урбанистички план Север, Северо-Исток 03, Блок 4, каде што според новиот ДУП се предвидува изградба на станбени згради од приземје пет ката и поткровје, со височина од 21 метар,, а се предвидува и изградба на ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана, изјави градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

– Целта на оваа Предлог – Одлука е онаа за која што зборував во месеците и годините наназад, дека Општина Карпош треба да се шири по периферните делови, особено кога станува збор за станбено домување во делот на Касарната „Илинден“.
Овој детален урбанистички план ги има поминато сите фази, сите јавни анкети, сите јавни расправи, и секеко, сите одлуки кои се потребни за истиот –  рече Богоев.

Тој дпдаде дека на дневен ред била и Предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 02 , опфаттот помеѓу Жданец, Трнодол и Нерези, но дека  била повлечена на седницата на Совет на барање на граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...