Брнабиќ: Реконструкцијата на српската Влада е отворено прашање

95

Реконструкцијата на Владата е отворено прашање, изјави денеска српската премиерката Ана Брнабиќ во врска со медиумски написи за можни промени во нејзиниот Кабинет.

– Реконструкција на Владата е секогаш отворено прашање. Таквата политика е добра и добро е што е тоа тема – изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк, додавајќи дека за тоа прво ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи тој е и лидер на Српската напредна партија (СНС), која е најголема партија во владината коалиција.

Според Брнабиќ, министрите, како и ни премиерот „не се„дадени од Господ“.

– Доколку имате проблеми, го менувате тимот за да добиете резултати. Не може да се чека четири години и да се губи толку од животот на граѓаните. Тоа е сериозна тема за секоја сериозна држава, потенцираше Брнабиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, околу можната реконструкција на српската Влада се огласи и претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ кој денеска изјави дека е ги поддржува на промените во владиниот Кабинет.

– Секогаш е неопходно да се обнови и освежи тимот – додаде Гојковиќ.

Според опозицискиот весник „Данас“, реконструкцијата на српската Нлада најверојатно ќе биде извршена во текот на април и се очекува при тоа да бидат заменети неколку министри.

– Премиерката Ана Брнабиќ за реконструкцијата ќе раговора со претседателот на државата Александар Вучиќ до крајот на март. Можно е да биде заменет министерот за финансии Душан Вујовиќ, поради неговата здравствена состојба, министерот за труд Зоран Ѓорѓевиќ, затоа што не се снајде најдобро на функцијата, министерот за животна средина Горан Триван, бидејќи се шпекулира дека Социјалистичката партија на Србија (СПС) не е задоволна од неговата работа, а не е исклучено и да бидат сменети и министерите за земјоделство и за спорт Бранислав Недимовиќ и Вања Удовичиќ – тврди „Данас“.

Српскиот министер за надворешни работи и лидер на СПС, Ивица Дачиќ исто така изјави дека нема ништо против реконструкција на Владата.

– На потег се Брнабиќ и Вучиќ – изјави Дачиќ, истакнувајќи дека нема ништо против сегашната министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ да го замени на позицијата шеф на дипломатијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...