Вицепремиерот Хазби Лика одреден период не бил присутен на седниците на Владата, но тоа не значи дека не ги извршувал неговите тековни обврски, рече денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Вицепремиерот ги извршува неговите обврски од административен аспект во рамки на Владата. Во одреден период не беше присутен на некои од владините седници, но тоа не значи дека не ги исполнувал неговите тековни обврски како вицепремиер. Во последниот период, вицепремиерот Хазби Лика редовно доаѓа на владините седници – рече Бошњаковски.