– Не му укажуваме на судството како да ја мери вината, но може да му укажеме да има фер судење и внимателен пристап за настаните од 27 април- објасни Ременски.
Таа информира дека на денешниот прв состанок на телото била утврдена динамиката за работа во интерес на процесите и воспостување соработка.
– Се согласивме дека основни начела на кои се заснова нашата работа се реформа, интеграција, помирување и простување. На денешната седница се согласивме да формираме три подгрупи за реформата, интеграцијата и помирувањето. Интеграцијата се однесува на уставните измени за членство во ЕУ и НАТО. Втората подгрупа е за поширок план на помирување и ќе работи на решенија поврзани со настаните од 27 април – вели Ременски и додаде дека третата подгрупа ќе биде за реформски процес според ЕУ-агенда.
– Ќе се гради консензус преку инклузивен процес и носење одлуки за реформи и двотретински закони . Сите овие процеси се врзани и детерминарни и ќе одат во еден здив и пријатна атмосфера – вели Ременски.