Силувал малолетници, девојка останала бремена, а сега судот му дозволува да го гледа детето (ВИДЕО)

1082
ФОТО: Принтскрин

Аршид Хусеин во 2016 година е осуден на 35 години затвор поради силување на малолетници. Сега тој добил известување од британските власти дека може да ги бара своите родителски права.

Според закон, тој може редовно да го гледа детето на една од жртвите.

Иако Хусеин не барал средба со детето, неговата мајка е вознемирена што воопшто такво нешто може да се дозволи.

Семи Вудхаус е една од жртвите што ги силувал. Таа останала бремена на 15 години.

– Ова е приказна за мене, мојот син и човекот што ме силуваше. Тој сега може да го гледа своето дете. Иако е утврдено дека претставува опасност за мене и другите деца и е осуден на 35 години затвор – рекла Вудхаус.

Таа бара промени во законот со кој се овозможува такво нешто.

– Ова е неприфатливо. Премногу често гледаме како се крши вистинската жртва, а се почитуваат правата на тој што силува – изјавила таа.

Од Министерството за правда соопштиле дека се работи за сериозна тема и дека сите служби ќе работат на тоа да видат како дошло до пропуст во овој случај.

Членовите на семејството на Хусеин биле прогласени за виновни во организираното злоставување на децата.

Извор: „курир.рс

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...