Нема помирување со режисерите и главните актери во насилството на 27 април

751
ФОТО: EPA/STR

На Координативното тело за помирување кое денеска заседаваше зад затворени врати не била понуденa конкретна рамка, односно нацрт текст за опсегот на амнестиjата за настаните на 27 април во законодавниот дом, како што се очекуваше.

Сепак, претходно беше јасно кажано дека помирувањето по теркот на собраниското тело нема да ги опфати организаторите и дирекните учесници во насилството.

На денешниот состанок, како што неофицијално дознаваме, пред се се разговарало за начинот на кој ќе функционира ова тело. Било договорено да се формираат три работни групи за помирување, за интеграции и за реформи. Групата ангажирана за реформи ќе има задача да го координира постигнувањето консензус за реформските закони за кои е потребно и двотретинско мнозинство.

Се очекува во петок уште една седница на собраниското тело на која ќе биде поканет  и премиерот Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...