Министерот без ресор Аднан Ќахил вели дека од соопштението во медиумите дознал дека е исклучен од партијата што ја формираше пред дваесет години – Партија за демократско движење на Турците во Македонија (ТХП).
Ќахил, како што објави Независен, најавува судска разрешница на случајот, посочувајќи дека неговиот наследник на претседателската фунција во ТХП Енес Ибрхими не ги почитува процедурите и статутарните одредби на партијата.
– Не може да ме исклучат од партијата што јас ја формирав и за чиј почесен претседател бев избран на последниот конгрес – изјавил Ќахил за Независен.