Убиен британски радиоводител во домот во Либан

307
ФОТО: Инстаграм

Познатиот британски радиоводител Гевин Форд, кој живее во Либан, вчера бил пронајден мртов во неговиот стан во градот Бејт Мери, источно од либанскиот главен град Бејрут, соопштија локалните власти.

Форд работеше за либанското Радио 1 од 90-те години на минатиот век и беше многу популарен меѓу слушателите. Според неговата Фејсбук страница, вчера тој требаше да го прослави 65. роденден.

Првичните информации говорат дека се работи за убиство со задушување, но официјално, не се откриваат детали. Истрагата е во тек.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...