Ѓоковиќ и Федерер во Париз го одиграа мечот на годината

390

Асоцијацијата на професионални тенисери, мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер во полуфиналето на Мастерсот во Париз го прогласи за најдобар во 2018 година.

На тој дуел, одигран на 3. ноември, победи Ѓоковиќ со 2-1, по сетови 7:6, 5:7 и 7:6.

Федерер беше учесник и на мечот кој го зазеде второто место во изборот на АТП. Тоа е дуелот со Хуан Мартин Дел Потро во финалето на Мастерсот во Индијан Велс. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...