Со оглед на тоа дека партијата на власт веќе навестува нов закон за амнестија, кој ќе ги изземе само делата на извршителите и на организаторите, обвинителката Вилма Русковска за 1ТВ вели дека ја фрустрираат политичките одлуки за национално помирување додека трае судскиот процес.
– Јас и мојот истражен тим вложивме навистина многу време и труд и апсолутно ме фрустрира, не дека се одвива во време на судењето, тоа тече најнормално и според предвидената динамика, но ме фрустрира тоа што со некоја политичка одлука толкав труд ќе падне во вода. А како ја осмислуваат таа делумна амнестија навистина не ми е јасно, затоа што со неа, според мене, ќе се повреди едно од најважните начела на Уставот – еднаквост на граѓаните – изјави Русковска.
Како што објаснува, очекување на ЕУ е не само предметот да добие завршница, туку и да се откријат и казнат организаторите.