Расим Мрљаку – почесен конзул на Македонија во Косово

259

На предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната седница владата го разгледа предлогот за именување на почесен конзул на Република Македонија во Република Косово, со седиште во Грачаница.

Владата го прифати предлогот на оваа позиција да биде именуван г-дин Расим Мрљаку, државјанин на Република Косово, во функција на воспоставување на потесна соработка со Република Македонија, пред сѐ на економски план.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...