Притвор за 12 украински морнари до 25 јануари 2019 г.

287

Судот во Крим донесе одлука за задржување во притвор на 12 украински морнари, вклучувајќи го и капетанот, поради нарушување на руската граница, а во врска со инцидентот.

Судот во Симферопол соопшти дека морнарите ќе мора да останат во притвор до 25 јануари следната година, јавуваат агенциите.

Меѓу 12-те морнари е и капетанот на оклопниот брод „Бердијанск“.

Рочиштата се одржани во три судници, наведуваат агенциите, и додаваат дека тројца судии одлучувале за ова прашање.

Судиите одлучиле морнарите да останат во притвор еден месец и 29 дена, односно до 25 јануари 2019 година.

Претходно судот на Крим одреди притвор од два месеци на првиот од 24 приведени украински морнари, јавуваат агенциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...