Коцијанчиќ: Косово да ги повлече таксите, тие се провокативни и навредливи

178

Европската комисија денеска уште еднаш ја повика косовската Влада веднаш да ја повлече одлуката за зголемување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцедовина на 100 отсто, оценувајќи дека тие се провокативни и навредливи.

Портпаролката на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Кочијанчиќ изјави дека е запозната со оставките на градоначалниците од северно Косово и истакна дека „ЕУ уште од почетокот беше јасна во ставот дека таксите на стоки од Србија и БиХ претставуваат кршење на ЦЕФТА договорот и Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Косово“.

– Властите на Косово мора веднаш да ги повлечат овие мерки. Сите дејства, мерки и изјави кои се провокативни и навредливи се длабоко вознемирувачки и не придонесуваат за дијалогот за нормализирање на односите – изјави Коцианчиќ.

Претставниците на Европската комисија и пред денешната изјава на Коцијанчиќ, реагираа на воведувањето на таксите. Могерини минатата недела побара од косовските власти итно да ја повлечат оваа одлука, а исто го побара и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

Слична порака испрати и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се сретна со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...