Поповски апелира Академијата за судии и јавни обвинители да обезбеди јавност при изборот на директор

296

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, следејќи ја реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), апелира до Академијата за судии и обвинители, да обезбеди јавност во својата работа, и при изборот на директорот, согласно начелата утврдени во Статутот за работа на Академијата, соопштија од министерството.

Според министерот Поповски, јавното и транспарентно работење значи и одговорно работење, при што неопходно е на претставниците на медиумите да им се овозможи пристап до информации, меѓу другото и преку обезбедување јавност на седницата за избор на директор на Академијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...