Една жена е потешко повредена во пожар што избувнал синоќа во куќа во Куманово. Жената поради сериозноста на повредите е пренесена во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Во пожарот целосно изгорело приземјето на куќата.
Од МВР информираат дека пожарот избувнал синоќа околу 23.20 часот во Куманово на улица „Сава Ковачевиќ“ во куќа сопственост на Ч.К.
„Притоа целосно е опожарено приземјето на куќата. Од пожарот С.К.(60) се стекнала со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Куманово, по што поради сериозноста на повредите со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Терезеа” на понатамошно лекување“, соопштуваат од МВР.