Врз основа на судска наредба, вчера полициски службеници извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендица сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др.
При вториот претрес извршен на улица „Милан Зечар“ во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.
После извршените претреси, двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.