Лекарите од „Ало докторе“ ќе добијат повик за плата до Нова година

139

Лекарите кои одговараат на телефонските повици на „Ало докторе“, за својот ангажман ќе добијат хонорар до Нова Година и тоа од средствата коишто  Министерството за здравство ги обезбеди со ребаланс на буџетот.

-Бидејќи во буџетот за оваа година на Министерството за здравство не беа предвидени средства за „Ало докторе“, ги обезбедивме со ребалансот на буџетот. Во тек е измена на програмата, во која ќе бидат вметнати средства и за овој проект, а лекарите ќе бидат исплатени до крајот на 2018 година – велат надлежните.

Лекарите реагираа дека речиси една година не им бил исплатен никаков надомест за ангажманот на „Ало докторе“, каде на телефонската линија (02) 15 123 се јавуваат граѓаните кои сакаат да дознаат повеќе за некој здравствен проблем, состојба или симптом, како и кои лекови може да земат и други совети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...