Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, беше „уловен“ како игра игри на својот мобилен телефон за време на денешната комисиска расправа за аерозагадувањето.
Додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев зборува на говорницата, Шилегов е сконцентриран на играта.
На јавната расправа се дискутираше за загадувањето на амбиенталниот воздух, по предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
ФОТО: Принтскрин/видео/ Пресинг ТВ