Жена удрила во пешак и избегала

128

Жена возач удрила во пешак и го повредила, вчера во 14.30 часот во близина на крстосницата на улиците 23 Октомври и Коста Новаковиќ во Скопје, соопшти МВР.

Како што соопшти полицијата, возило управувано од женско лице удрило во пешакот Ј.С. (77) од Скопје и подоцна го напуштило местото на настанот. Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градска болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...