Одбраната на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски го повлече предлогот неговиот колега од Собранието, Драган Данев, да сведочи за настаните од 27 април лани.
Данев бил еден од двајцата сведоци предложени од Мукоски, но неговиот адвокат денеска рече дека го повлекуваат предлогот бидејќи биле известени дека од здравствени причини не може да дојде да сведочи.
По предлог на Мукоски, во моментов сведочи поранешната пратеничка Марија Ангелова, која беше и кандидат за градоначалник за Чаир од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013 година.